Македонија

Амнестијата на Лога доби уште една кочница

Министерството за правда го објави предлог Законот за амнестија, а пак, Македонско здружение на млади правници направи анализа и констатираше дека тој ќе влијае врз рехабилитацијата и ресоцијализацијата на осудените лица.

Од здружението изготвија и препораки.

„Амнестијата треба да претставува корисна пенолошка мерка со која се поттикнува доброто однесување на осудените лица во текот на издржувањето на затворот. Пред да се размислува на амнестијата како можност за намалување на пренатрупаноста во затворските установи, треба да се направи прецизен план, имајќи ги предвид структурата на затворениците, стореното дело и нивното однесување за време на издржувањето на казната затвор. Главните чинители што се вклучени во процесот пред и по отпуст на осудените лица по една од законските можности за прекин на издржување на казната затвор, вклучително и амнестијата, треба да имаат законски утврдени улоги, одговорности и линии на отчетност (тука спаѓаат Управата за извршување на санкциите, Затворските сектори за ресоцијализација, Канцелариите за пробација и Центрите за социјална работа)“, велат од Македонско здружение на млади правници.

Тие додаваат: „Треба да се воведе соодветна законска можност за вршење надзор врз осудените лица во последниот дел од изречената казна и непосредно по излегувањето од затвор, како помош
од страна на државата во процесот на реинтеграција на осуденото лице во општеството и водење самостоен живот согласно законските и општествените норми“.

Министерот за правда, Кренар Лога повика одма да се изгласа Законот, додека пак ВМРО-ДПМНЕ најави блокади. Законот според Лога е со цел да се намали оптеретеноста на затворени со отпуштање на затвореници.

На почеток