Загрижени се од власта затоа што ако тој КАТО систем бил функционален тогаш многу јасно ќе дојдевме до одговорот на суштинските прашања кој е тој што ги злоупотребил животите на оние луѓе кои за жал поради недоволна медицинска грижа беа загубени изминативе години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање за скандалот во Онкологија.
Мицкоски истакна дека разбира што актуелниот министер мора да бара изговори затоа што таква му е насоката, но нема оправдување ни за него ни за надлежните органи.
– Го разбирам овој министер дека мора да бара изговори, не можам да го оправдам, бидејќи таква насока добил од коалицијата и претпоставените. Не можам да ги оправдам ниту надлежните органи кои се уште, по толку недели не излегоа со јасна детекција кој е тој виновник којшто предизвикал ова да се случува, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да го реши овој проблем и виновниците да одговараат.
– Повторно ќе кажам од мое име и името на семејствата кои се жртви на овој грозоморен и траорен настан кој се случувал на клиниката за Онкологија, набргу од денеска ќе имаме нова влада од ВМРО-ДПМНЕ која има сериозно во корен да се зафати со решавање на овој проблем и сите оние за кои постои основано сомневање и докази дека се богателе на грбот на животите на нашите сограѓани има сериозно да одговараат, потенцираше Мицкоски.
Макфакс