Македонија

Мицкоски: Власта со измените на КЗ се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба

Мицкоски: Власта со измените на КЗ се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба

При денешната посета на општина Бутел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски вчера изјави дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на дела што не се сериозни, истакна дека власта на тој начин се спрема за опозиција и се обидува да си обезбеди покомотна состојба, но многу бргу од денес секој оној политичар што направил криминал ќе одговара.

„Ковачевски многу работи зборува изминатиот период, честопати велам дека сепак поради институцијата што ја претставува треба да се коментира, инаку индивидуално не знам дали воопшто заслужуваат тие негови позиции коментар, но, еве, јавноста нека оцени, ако не е тешко дело перење пари, уцена итн., има неколку дела што се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела, тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и другите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба. Но, мојата порака изминатите денови е иста, константна, а тоа е дека многу бргу од денеска владата на ВМРО-ДПМНЕ и покрај овие измени што на начин ги направија со злоупотреба на европското знаменце, ќе бидат ефективни, има уште десетици други членови што се дел и од Кривичниот законик и од други закони по кои секој оној криминален политичар што сторил криминал, ќе одговара. Така што, мислам дека залудни им се овие обиде да направат нешто што мислат дека ќе им помогне, но нема да им помогне“, нагласи Мицкоски.

Макфакс

На почеток