Страшен инцидент се случил во основното училиште „Слободан Пајиќ-Баја“ во Печинци.
Имено, на час по физичко ученик удрил постар ученик во главата со метална топка за фрлање.
Според медиумите, инцидентот се случил во понеделникот, а повредениот ученик веднаш бил пренесен во Белград на Детската клиника, каде што во вторникот бил опериран и сега е добро.
Загрижените родители на учениците што го посетуваат ова училиште по изјавите за тамошните медиуми, рекле дека паралелките од постарите ученици имале час по физичко воспитување тој ден во попладневната смена кога фрлале ѓуле.
„Едно момче ја фрли топката, а другото момче одеднаш се најде пред него и случајно го удри со топката во главата. Децата беа преплашени и загрижени, а момчето итно беше пренесено во болница, каде што подоцна беше оперирано бидејќи имало тешка фрактура на черепот. Не знаеме дали ќе има последици врз неговото здравје и продолжување на образованието“, вели еден родител.
Тој посочува дека сите родители на децата кои го посетуваат тоа училиште ги интересира како се случил овој немил настан и дали Министерството за образование ќе ја преиспита одговорноста на училиштето по настанот.
Мајката на повреденото момче за српски медиум потврдила дека несреќата се случила во понеделникот.
„Мојот син беше опериран и сега е добро, фала богу. Тоа е единственото нешто што ми е важно, не знам детали, децата што беа таму најдобро знаат што се случило“, изјавила мајката на повредениот основец.
Од Детската Клиника во Белград потврдиле дека момчето од Печинци е оперирано и дека е во стабилна состојба.
makfax.com.mk
