Свет

Украина: Русија бара воени авиони вклучени во нападите на Крим

Украина: Русија бара воени авиони вклучени во нападите на Крим

Украина објави дека нападот на руско беспилотно летало во текот на ноќта врз регионот каде што се наоѓа украинскиот воен аеродром покажал дека Русите трагаат по воени авиони вклучени во овонеделните напади врз Крим окупиран од Русија.

dobivaj vesti na viber

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија истрелала 17 беспилотни летала камикази во централниот регион Хмелницки, каде се наоѓа воздухопловната база Старокостијантинов, која постојано била напаѓана за време на војната. Урнатините оштетиле две куќи и искршиле прозорци на училиштето, но никој не е повреден, изјави регионалниот функционер Серхиј Тјурин.

„Регионот Хмелницки е нападнат. Разбираме што бара непријателот – каде командата ги сокри нашите бомбардери по неодамнешните настани во морето во близина на Крим“, рече полковникот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат.

Украина објави дека рано во средата извршила ракетен напад врз бродоградилиштето во кримското пристаниште Севастопол и дека два брода биле сериозно оштетени. Не е наведено кои ракети се користени.

makfax.com.mk

На почеток