Македонија

Жена го убила сопругот, го распарчила телото па со ќерката го фрлиле во шума подалеку од местото на живеење во Србија

Жена го убила сопругот, го распарчила телото па со ќерката го фрлиле во шума подалеку од местото на живеење во Србија

Полицијата во Србија уапсила 56-годишна мајка и нејзината 31-годишна ќерка под сомнение дека извршиле тешко убиство. Истражителите веруваат дека 56-годишната жена го убила поранешниот сопруг додека тој спиел, дознава Нова.рс.

dobivaj vesti na viber

56-годишната жена потоа го пренела телото заедно со ќерката и го оставила во шумата во Кучево, каде што полицијата вчера го пронашла. Осомничените се приведени, а истрагата е во тек. Мајката, наводно, ја признала вината пред Вишото јавно обвинителство, додека ќерката се бранела со молчење.

Телеграф од жителите на Влашки Дол, каде што живееле и сторителите на делото и жртвата дознава дека 56-годишна жена го убила 50-годишниот маж, му го распарчила телото и со помош на нејзината 31-годишна ќерка, го фрлила во шума на 60 километри од селото каде што живееле.

Макфакс

На почеток