Македонија

Ин мемориам: Почина проф. д-р Витомир Мицев

Ин мемориам: Почина проф. д-р Витомир Мицев

Денеска по кратко боледување почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво и на Македонската психијатриска асоцијација.

Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград, образованието го завршува во Cкoпje, а специјализира во Лондон. Библиографијата на проф. д-р Мицев регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија.

Погребот на проф. д-р Витомир Мицев ќе се одржи во недела, 17 септември 2023 година, со почеток во 12.30 часот, на градските гробишта Бутел, Скопје.

Макфакс

На почеток