Алтернатива, Движењето БЕСА и Демократско Движење денеска заеднички реагираат затоа што, како што велат не можат да молчат кога за неодамнешните случаи и случувања каде што корупцијата и конфликтот на интереси дишат слободно.
Тие велат дека се среќни поради изградбата на коридорите 8 и 10д, но не можат да молчат кога Артан Груби и ДУИ ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна.
Трите партии велат дека Артан Груби „ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали“.
Тие тврдат дека Груби го злоупотребува присуството на американската амбасадорка Анџела Агелер за да покрие партиски донатори на ДУИ и прашуваат колку милиони државни пари ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“, а колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, и колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети?
Макфакс