Македонија

Кузеска: За европски плати поголеми од 70 до 100%, СДСМ се бори за членство во ЕУ заради граѓаните

Кузеска: За европски плати поголеми од 70 до 100%, СДСМ се бори за членство во ЕУ заради граѓаните

СДСМ е посветена на членството во ЕУ заради граѓаните, за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии.

Затоа што нашите граѓаните заслужуваат европски животен стандард.

60% од светскиот БДП се прави во САД и во ЕУ.

ЕУ има единствен пазар од 500 милиони луѓе, што обезбедува голема можност за раст на нашата економија.

Земја членка на ЕУ, во реални пари, има приближно 850 евра дополнителен годишен доход по жител, во текот на една година.

Затоа, гласот за уставни измени е глас за земјата да биде со економски, рамо до рамо со најразвиените држави.

За само неколку години СДСМ со интеграциските политики успеа значително да ја раздвижи економијата, да ги покачи платите и пензиите.

Минималната плата од 8.000 денари во време на ДПМНЕ, СДСМ ја покачи на 21.000 денари.

Просечната плата СДСМ ја зголеми драстично, од 22.000 денари во време на ДПМНЕ на 37.000 денари.

Тоа се 230 евра месечно повеќе во семејниот буџет на работниците во државата.

Во 2016 година сме имале само 338 милиони евра странски инвестиции а со СДСМ во земјава минатата година имаше 753 милиони евра странски инвестиции. Двојно повеќе.

Со членство во ЕУ сите овие бројки драстично ќе бидат поголеми, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Макфакс

На почеток