Македонија

На градилиштето за Коридор 8 најдена мина од Втора светска војна

На градилиштето за Коридор 8 најдена мина од Втора светска војна

На 16.09.2023 во 17.15 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на турските гробишта во с.Здуње, гостиварско во близина на коритото на река Вардар при извршување на градежни работи на местото за автопатот Коридор-8 била пронајдена мина 82 мм од Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а експлозивната направа е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

 

Макфакс

На почеток