Алармантно: Со фекални бактерии од четврта категорија е загадено велешкото езеро „Младост“
Водите во Велешкото езеро Младост и вливот на Отовичка река се загадени во алармантна 4-та и 5-та категорија со фекални бактерии за што на 24-ти јули интервенирал Институтот за Јавно здравје по претходен извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот инспектор за животна средина, пишува велешанецот Игор Смилев.
Тој додава дека за алармантноста на ситуацијата е Информиран и Државниот санитарен и здравствен иснпекторат.
На 25- ти јули, ДИЖС со назнака ИТНО го информира Комуналниот инспектор на Оштина Велес кој е во загрижувачка фаза на МОЛК.
„Со назнака СЕРИОЗНО И ИТНО е информиран и градоначалникот Марко Колев кој досега умешно и наменски молчи и воопшто не го обелоденува овој како што се наведува во дописот СЕРИОЗЕН ДЕЛИКТ, со што индиректно предизвикува општа опасност по ЗДРАВЈЕТО на сите корисници на водите на езерото Младост. Ова е ФИНАЛНОТО ЗАБИВАЊЕ НА ГЛОГОВИОТ КОЛЕЦ ОД РАЦЕТЕ НА УРБАНАТА МАФИЈА И ДИВОГРАДБИТЕ ДИРЕКТНО ВО СРЦЕТО НА МЛАДОСТ . Спиете ли мирно поранешни градоначаЛници Горан Петров, Славчо Чадиев, Аце Коцевски и Марко Колев ??
Од ова позастрашувачки е само вашиот МОЛК !!!“, напиша тој.