Македонија

Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела неовластенo производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, во својот дом во Гевгелија, неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога, хероин во вкупна количина од 11,23 грама, како и наркотична дрога кокаин, спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.

По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал 1 грам хероин за цена од 2.600 денари, а на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да зема хероин во два наврата.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.​

Макфакс

На почеток