Ајде да прогласиме недела на Ахметизмот и ДУИ, ексклузивни платенички интервјуа, перења гз*ви, пишува Мицковски
Од
Објавено на
„Ајде да прогласиме недела на Ахметизмот и ДУИ, ексклузивни платенички интервјуа, перења гзови, дефокусирање од криминал и корупција, ааах каква недела“, пишува новинарот и политички аналитичар, Ивор Мицковски.
Тојј додава:
„Него, пак не можам да разберам, после 20 години криминал, он пак продава страв кај Албанците. 20 години и се сметаш или глумиш лидер на Албанците и не успеваш да се еманципираш и да го еманципираш твојот електорат од примордијални стравови, замислете дури од нацистички прогон, од смислени завери против бизнисите на Албанците. Па и Касами е бољи е тебе, он си игра чисто етнички со големо национални идеи.
Ти кај власт, кај семоќен, си играш со езотерични и етнички завери, злоупотребуваш тешки термини ко “нацизам” за да сокриеш криминалот и да испаднеш жртва. Па ајде, дај тоа Музејот на Холокауст да го пренамениме во Музеј на жртвите ДУИ. Срамота, стравови да шириш, да политизираш стравови, после 20 години тотално парчосување на оваа држава, осиромашување на сите граѓани, нивно отселување, тотално неодговарање за криминалите и злоупотребите. Еманципирај се бре човече“.