Свет

Кинескиот министер бил разрешен оти добил дете со љубовницата во САД, пишува „Вашингтон пост“

Кинескиот министер бил разрешен оти добил дете со љубовницата во САД, пишува „Вашингтон пост“

Поранешниот кинески министер за надворешни работи, Чин Ганг, бил сменет од таа функција во јули оти имал вонбрачна врска додека бил амбасадор во САД, објави „Волстрит журнал“.

dobivaj vesti na viber

Весникот известува дека Чин соработувал со истрагата, која сега е фокусира на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.

На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во Соединетите држави, пишува весникот.

Два извори за весникот изјавија дека аферата резултирала со раѓање на дете во САД.

Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар за извештајот на „Волстрит журнал“.

Чин беше сменет во јули, откако беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата.

Тој беше главен кинески дипломат во Вашингтон од јули 2021 година до јануари оваа година.

На почеток