Свет

Драма во Сплит: Полицијата фатила македонски државјанин при кражба, тој ги нападнал со чекан

Драма во Сплит: Полицијата фатила македонски државјанин при кражба, тој ги нападнал со чекан

Македонски државјанин (47) нападнал полицајци со чекан при грабеж на деловен простор во Сплит, откако полицијата дошла по пријава на граѓанин.

dobivaj vesti na viber

Полицаецот кој прв се доближил на местото на настанот забележал дека вратата е отворена и претпазливо се приближил сомневајќи се дека провалникот се уште е внатре. Во тој момент, непознат маж, држејќи чекан се нафрлил кон полицаецот, удирајќи го во градите, јавуваат хрватските медиуми.

Полицаецот паднал на подот и мажот почнал да бега, но службеникот набргу станал и истрчал по него заедно со уште двајца колеги. Тие му наредиле да застане, но крадецот ги игнорирал и продолжил да бега.

Полициските службеници, решени да го фатат сторителот на делото, продолжиле да трчаат по него и успеале да го стигнат неколку улици подалеку.

Во моментот кога го стигнале, мажот се свртел кон нив. Полицаецот употребил присилни средства врз него и му го отстранил алатот од раката. Мажот кој бил легнат на подот, продолжил активно да се спротивставува, дури и откако бил задржан, пишува „Слободна Далмација“. По укажаната лекарска помош бил пренесен во службени простории заради спроведување на кривична истрага. Утврдено е дека се работи за 47-годишен државјанин на Македонија.

На лице место е извршена истрага, забележани се оштетувања на отворениот сеф од кој се украдени 205 евра кои се пронајдени и кај мажот, а на друг неотворен сеф е констатирана штета од која не можел да се ослободи на отворено бидејќи полицајците очигледно го прекинале.

Крадецот се наоѓа во притвор, пренесе „Блиц“.

Макфакс

На почеток