По најавата на премиерот Зоран Заев, дека владата ќе им ги плати долговите за струја на граѓаните, на својот фејсбук профил се огласи актерот Тони Михајловски.
Тој напиша:
„Ништо нема владата да плати од свој џеб. Ние, а богами и вие, ќе им ја платиме струјата на тие. 110 милиони евра наши пари за нивни долгови – напиша на својот Фејсбук профил Михајловски“.