Македонија

Груевски: Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Албанија, таму се пријавив во Унгарската амбасада

Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Аалбанија. Таму се пријави во Унгарската амбасада во Тирана и побарав политички азил. И од таму дојдов во Унгарија… Бев транспортиран поради безедносни причини, истакна екс премиерот Никола Груевски во ексклузивното интервју за Сител телевизија.

Во неговото прво појавување на медиум по бегството тој одговара како избегал, по која рута, но открива како што кажа само дел, затоа што ќе оставел Власта да ги открие деталите.

Тој одбил да одговори дали на легален или на илегален начин, заминал од Македонија, но во краткиот дел од интервјуто Груевски тврди дека од Албанија заминал само со лична карта до граница, а од Унгрската амбасада со како што кажа документ до Унгарија.

Н апрашањето дали некој од власта му помогнал при бегството Груевски вели:

„Власта да ми помогне НЕ .. да може нешто лошо да ми направи, ама да ми помогне НЕ…
Интегралното интервју со екс премиерот ќе се емитува на Сител телевизија во централниот дневник во 18:00 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток