Протест пред Владата: Продаваме вода, немаме за леб


Сојуз на синдикатите на Македонија денеска даде целосна поддршка Агро-Синдикат и на работниците од Водостопанство АД во државна сопственост кои излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.
Оттаму објавија:
„Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата, како и од потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме.
Доколку не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието“.
