View the subsequent content through the homepage link#usa #shortsvideo #newyork
vyiJXYRCAYI

Застарувањето на делата за Мијалков во „Таргет-тврдина“ тропа на врата - одложено рочиштето поради измените на Кривичниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

Неизвесен е натамошниот тек на судскиот процес за „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушкување, по измените на Кривичниот законик. Судијата Илија Трпков го одложи рочиштето по барање на обвинителите, кои размислуваат како да постапат, а со оглед дека застаруваат делата на дел од обвинетите меѓу кои и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Откажано е и наредното рочиште кое требаше да е одржи за два дена, а следното ќе се одржи дури на 4 октомври.

— реклама —

„Имајќи ги предвид одредбите од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик односно правните прашања кои произлегуваат од истиот и нивното влијание на правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите додека се донесе соодветна јавнообвинитеска одлука, барам да се одложи закажаната расправа“, навеле во поднесокот од Јавното обвинителство, соопшти судијата Трпков.

Ова не е единствен случај каде новиот Кривичен законик ќе донесе слобода. Дел од останатите предмети се и: ТНТ, Талир, Талир 2, Трезор, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник, Тендери, Титаник 2, Траекторија, Шпански скали, Таргет/Тврдина, предмет за Стевчо Јакимовски.

— реклама —

Дел од пратениците со измените на Кривичниот законик изгласаа за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, каде досега казната беше најмалку три години затвор, сега да биде од една до 4 години затвор. Ставот 5 од истиот член предвидуваше казна од најмалку 5 години затвор, а сега е избришан. Во членот 394 за Злосторничко здружување, казната за основачот на групата е намалена од една до 10 години на до 3 години, а за членовите од една до 5 години на до 2 години.

Со намалување на казните се отвора простор за брзо застарување на овие кривични дела, како и ослободување од одговорност на многу поранешни функционери за кои веќе се води постапка во различни фази.

Застарувањето на делата за Мијалков и другите обвинети за прислушувањето ќе значи дека државата ќе треба да плаќа отштета на сите незаконски прислушувани граѓани. Ова е трето по ред прислушување, кое е на пат да остане неказнето.

Претходно, Кривичниот суд донесе осудителна пресуда, а Апелација ја укина. Образложението зошто предметот треба да се суди одново е дадено на седум страници. Меѓу другото, главната забелешка била што во првостепената пресуда немало опис на кривичните дела за кои Мијалков и другите се прогласени за виновни. Апелација бара и да се утврди колку лица биле прислушувани, преку кои уреди и во кој период.

Апелациските судии Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева го држеа предметот една година и 10 месеци. Доколку не го вратеа предметот на повторно судење, а со преотворање на главната расправа и повторен главен претрес, можеа да пресечат дали обвинетите се виновни или не. А потоа ќе се произнесеше Врховниот суд.

Во Кривичниот суд предметот сега ќе го води Илија Трпков по повлекувањето на судијата Владимир Туфегџиќ од судиската функција, кој ѝ се врати на адвокатурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања