Македонија

Оформен е предмет: По прозивките од Стоилковски, ДКСК да отвори предмет и да се изјасни за скандалот тежок 40 милиони евра за лиценци

Оформен е предмет: По прозивките од Стоилковски, ДКСК да отвори предмет и да се изјасни за скандалот тежок 40 милиони евра за лиценци

Во врска со јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата со наведување „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма, каде што доминира колега на премиерот“, Државната комисиај за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека во ДКСК е оформен предмет по доставена анонимна пријава.

Во неа се наведува дека „Генералниот секретаријат потпишал договор со ‘Мајкрософт’ за лиценци и сервиси во вредност од речиси 26.000.000,00 евра“.

Предметот, во согласност со Деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по него е во тек, информираат од ДКСК.

Макфакс

На почеток