Министерката Шукова ја отвори првата работилница посветена на отпадот „Политики и практики базирани на прегледот на состојбите во животната средина на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE)“, што денес и утре се одржува во Скопје. По првата, ќе следуваат уште две во октомври на теми климатски промени и управување со ризици од катастрофи.
Поради поактивната улога на Република Северна Македонија во Комитетот за политики во животната средина и разни активности на UNECE во оваа област и успешно спроведените прегледи на состојбите во животната средина (EPR), досега три, UNECE ја избра нашата држава за домаќин на работилниците.
Серијата работилници на кои учествуваат претставници на држави од Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ се реализира со помош на гурманската Агенција за животна средина преку UNECE Женева.
Целта на овие работилници е да се разменат искуства на регионално ниво за преглед на состојбите во животната средина, степенот на имплементација на препораките од спроведените EPR-и и да се дадат препораки и насоки за идните активности. Работилниците ќе овозможат и подобрување на разбирањето на достапните алатки и инструменти за поддршка и имплементација на целите за одржлив развој во животната средина.
Макфакс