Коментари

„Скопје град на културата“: изложба на кучиња скитници, прошетка по коцкарниците, избор на најсмрдливо ѓубре, фото сесија со распаднатите стиропор фасади – коментар на денот

Скопје прогласен за Европски град на културата за 2028. Ова беше повод за коментарот на професорката по право Мирјана Најчевска.

Таа иронично искоментира: „Цеца и Аца Лукас ќе имаат посебна програма во текот на претставувањето на Скопје како град на културата 2028.

Ќе има изложба на кучиња скитници, прошетка по коцкарниците и кладилниците, избор на најсмрдливо ѓубре, фото сесија со распаднатите стиропор фасади и посебни претстави во театрите во време на дожд под наслов: кој ќе преживее ќе раскажува“.

Најчевска додава: „Има така една басна за жабата и волот, мислам дека има прилично несреќен крај. За жабата. И престанете мојата објективност да ја нарекувате негативност.

Во 2000 година кажав дека ќе има меѓуетнички конфликт и дека треба нешто да направиме. Ми рекоа дека сум црна птица злослутница и дека нема европска држава со подобри меѓунационални односи. Значи кажувам за да поправам, а вие сакате да засткриете и се правите ќори на две очи“.

На почеток