Коментари

Коце беше глуп, Иванов неинтелигентен, Јанева е добра за чушки, Ковачевски нема капацитет ни за претседател на куќен совет, пишува Најчевска

Остри критики од професорката по право, Мирјана Најчевска за тоа зошто дел од сегашните и поранешните функционери, никогаш не требало да бидат на власт. На листата се најдоа ексградоначалници, сегашниот премиер, ексспецијалната јавна обвинителка.

„Коце Трајановски не смееше да биде градоначалник на Скопје, не заради тоа што беше корумпиран и лаком, туку затоа што беше глуп. Ковачевски не смееше да биде премиер на Македонија. Не затоа што е корумпиран и лаком, туку затоа што нема интелектуален капацитет да биде претседател на куќен совет. Груевски не смееше да биде премиер на Македонија. Не затоа што беше корумпиран и лаком туку затоа што беше кецарош. Иванов не смееше да биде претседател на Македонија. Не затоа шрто беше корумпиран и лаком туку затоа што беше со интелигенција на ниво на собна температура. Катица Јанева не смееше да биде специјален јавен обвинител. Не затоа што беше лакома и корумпирана туку затоа што беше ептен добра за одгледување чушки и требаше да се занимава со тоа.
Не е проблемот во Македонија тоа што на високи функции доаѓаат лакоми и корумпирани луѓе, туку што ги избираме најглупите“, напиша Најчевска.

Потоа го повика Дерала и го праша: „ Џабир, ќе застанеш сега во одбрана на Македонските властодржци со оглед на тоа дека на листата не ставив ниту еден етнички Албанец? Или ќе се возбудиш следниот пат кога ќе ги набројам етничките Албанци со интелектуална попреченост кои се наоѓаат на високи позиции во власта?“.

На почеток