Груевски си се смета за најпопуларен политичар во Македонија, па објаснуваше како успева да е толку актуелен
Граѓаните очигледно не се задоволни од моменталните политичари и нивната понуда, вели поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивно гостување во “Тешки муабети”, како коментар за анкетите на кои тој е најпопуларен политичар во Македонија.
Тој на прашањето зошто и натаму е најпопуларен политичар, одговата: „Ако некој не е активен, а јас освен по некоја објава на Фејсбук што пишувам, првпат давам интервју по 2017. година, најверојатно граѓаните не се задоволни од актуелните политичари штом толку многу се сеќаваат на некои други времиња со некои други резултати. Актуелните политичари се секој ден на медиуми, секој ден гостуваат некаде и нормално е тие да се актуелни, но фактот што се навраќаат на некое друго време значи дека се незадоволни од овие полтичари и овие од власта кои се тешка катастрофа и го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да направи чекори, една година е многу, ќе останеме без народ, економијата е многу лоша, чекање за избори една година е многу“, посочува Груевски.
Потоа порача дека треба конкретна понуда, обмислени проекти со пресметка, па објасни како тие работеле додека бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ.