(Видео) Данела Арсовска призна дека не е само македонски државјанин
Трагично е некој кој има бугарски пасош да кажува дека јас имам бугарски пасош, вели во денешната епизода на Тешки муабети градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Ова да не беше трагично, ќе беше смешно, особено имајќи во предвид од каде доаѓам. Тоа го зборуваат луѓе кои потврдено имаат бугарски пасоши. Има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично. Имам чешко државјанство, од раѓање, по мајка ексклузивно“, открива Арсовска која додава дека смета дека уставни измени за внес на Бугарите во Уставот не треба да има.