Гласањето на дводневниот референдум за промена на Уставот со цел отежнување на легализацијата на браковите од истополни сопружници во Романија, заврши вечерва.
Референдумот, според информациите, не успеа да привлече голем број гласачи. Изборната комисија соопштила дека два часа пред затворањето на бирачките места, излезноста била 19 отсто, додека за успех на референдумот потребно да излезат било најмалку 30 отсто од запишаните гласачи, пренесе АП.
Бил предложен уставен амандман за промена на дефиницијата на бракот: наместо заедница на сопружници, како што е сега, бракот, според тој предлог, би бил заедница на маж и жена.
Истополовите бракови веќе се нелегални во Романија. Конечните резултати од одзивот се очекува да бидат соопштени утре.