Арсовска нема да го поправа мостот „Беласица“, ја префрли топката
За штетата на долниот дел од мостот Беласица, настаната во пожар на 12 мај, обврска презело ЕСМ изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска. Според неа, оној што го предизвикал оштетувањето на мостот треба да го санира и ЕСМ презел одговорност и обрвска да го направи тоа. Таа не одговори прецизно дали Град Скопје веќе му дал дозвола на ЕСМ за монтирање на цевките.
„Ние не можеме да правиме нешто што не е наша обврска и надлежност. Постојат закони, постојат правила, акти коишто мора секој граѓанин да ги почитува, а тие правила и закони важат и за институциите. Знаете каква беше ситуацијата на мостот, некои минорни оштетувања, коишто сепак постојат иако не влијаат на безбедноста и на стабилноста на мостот, но надворешноста, изгледот и можноста да се монтираат нов сет на цевки што би биле во функција на топловодната мрежа , мора да се санира, првенствено од штетата што е предизвикана од горење на изолацијата, за да може да настане монтажата. Денеска камионите таму се спречени да работат оти не поседуваат соосветна документација. Не можете без да имате соодветна дозвола за движење со тешки товарни возила да циркулирате низ делови на градот каде ви е потребно да имате дозвола“ – рече Арсовска.