Коментари

Бруки, гадни, циркузанти – јавноста не бира зборови за Дафина и Маричиќ

Низа реакции по теленовелата во Собранието, наречена „бакнежи“. Дел го осудуваат однесувањето на пратениците и вицепремиерот Бојан Маричиќ, други, се исмејуваат, но има и такви кои состојбата ја претставуваат преку иронични статуси. Најголем дел, сметаат дека однесувањето на сите инволвирани е срамно.

„Теленовелава во Собрание е брука. Не само за Маричиќ, туку за сите. Драмолетка платена со 78% покачени плати“, напиша новинарот Кристијан Ландов.

Адвокатот Воислав Димовски, дециден е дека му се гади.

„За мене како даночен обврзник и обичен гласач, подеднакво се гадни: – бакнежите на Маричиќ и жестоката одбрана на честа на пратеничката во време кога млако се реагира на едно чудо други акти на демонтажа на државата. Сето тоа на ден наменет за пратенички прашања!“, напиша тој.

И инфлуенсерот и критичар, Божидар Божиновски, со свој став.

„На пратенички прашања после помината амнестија за злосторничко здружување, во очи на нова амнестија која ќе опфати и помагатели на yбиствата кај Смилковско езеро, среде економска криза, во време кога можеше да се разговара за модуларна, онкологија, рудниците на смртта, корупција, да се бараат решенија, оставки, што и да е, циркузантите ни го сервираат ова ко дистракција. Ништо повеќе од вакви кафански трикови не можат да понудат, ни па ги интересира“, напиша Божиновски.


Порака упати и Иљче Затаракоски.

„Државичево ни е ко растителен кашкавал. Вака на прв поглед личит на држава, ама реално – не е!“, напиша Затаракоски.

На почеток