(Видео) Некој да и пуштал „бакнежи“ на твојата сопруга кога беше пратеничка, ок ќе беше, го праша пратеничка по собранискиот хаос
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, му се нафрлија на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за однесувањето кон пратеничката Дафина Стојановска, која кажа дека и праќал бакнежи од собраниските клупи додека зборувала.
„Ова дно од Министер, денес упатуваше бакнежи од место кон моја колешка Дафина Стојаноска, додека истата зборуваше на собраниска говорница. И не е прв пат да дофрлуваат, примитивно и без срам луѓево кои ќе не носеле во Европа, а всушност се НЕИЗЖИВЕАНИ! Недостоен е да биде Министер!!! Очекувам да има реакција и од пратеничките на СДС , Премиерот, од Славица Грковска, невладините…. Прашање до Маричич: некој да и пуштал “бакнежи” на твојата сопруга додека била пратеничка, и додека зборувала на говорница, ок ќе беше???“, напиша Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Се приклучи и Антонио Милошоски.
„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам!“, напиша тој.
Се огласи и пратеничката Дафина Стојановска која го изнесе тврдењето дека добивала бакнежи од Маричиќ додека давала процедурална забелешка и напиша: „Бакнежи и намигања – дома!!! Срам за двете знамиња позади!!!
Срам за машкиот пол!!! Позади камера е лесно да си “мачо-мен”“.