Коментари

Плавушава беше бирана да собира ѓубре и да прави улици, не да влегува во филмови дека гласачи двапати ќе се зезнат со неа, коментира Јоци

Поранешната новинарка, сега политички аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци ги искоментира состојбите во Скопје. Како и граѓаните, така и таа забележува на лошите прилики во главниот град.

„Улициве во Скопје се излижани и необележани – ни ленти се гледаат, ниту пешачки премини. Да не зборувам како улици и под градска надлежност се со изгаснати сијалици, полутемни, иако Д.Арсовска рече дека нема да има штедење!

Плавушава, на привремено работно место „уништување на Скопје“, која сега ќе си играла „партија”“ и ќе потоне славно, беше бирана да собира ѓубре и да прави улици, не да влегува во филмови дека гласачи два пати ќе се зезнат со неа.

Кога мисли да обележува и да се бави со основни нешта – на минус 20“, напиша Јоци.

На почеток