Во собранискиот ресторан десерт добива само премиерот, рече Апасиев појавувајќи се со маичка: Ружна ви е Владата
Од
Објавено на
Димитар Апасиев на собраниската говорница денеска се појави со маичка на која пишуваше „Ружна ви е Владата“.
Подоцна на друштвената мрежа Фејсбук Апасиев објави дека кога се одржуваат пратенички прашања само премиерот добивал десерт во Собрание
„Како ќе приметиш дека СОБРАНИЕТО е подредено на Владата? Епа, кога имаме седница за пратенички прашања, во собранискиот ресторан ДЕСЕРТ се служи само за премиерот и за министрите. Пратениците не се по благото“, напиша Апасиев.