Коментари

Заев со Ковачевски ќе се обидат по вторпат со “стратегија” слична на “шарената”, народот да го излажат, коментира Хајредини

Ексминистерот за финансии и актуелен политички аналитичар, Џевдет Хајредини, смета дека планот на поранешното и сегашното раководство на СДСМ е народот да биде одново излажан.

„Заев со Ковачевски ќе се обидат по вторпат со “стратегија” слична на “шарената”, народот да го излажат“, напиша Хајредини.

Тој во друг статус на социјалните мрежи коментира и за амнестијата, која е во собраниска процедура.

„Поголеми криминалци се тие што амнестираат криминалци“, додава Хајредини.

Претходно, Хајредини ја исмеваше Владата и во однос на намалувањето на цените.

„Ако ги слушаш само Ковачевски и Бектеши, цените кај нас никогаш не растат, туку секој ден се намалуваат“, напиша тој.

На почеток