Коментари

Платите мизерни, одливот на медицински сестри од јавното здравство никогаш поголем, дипломи се “штанцаат” на секоe ќоше, вели Беќаровски за состојбата во здравството

Доктор Нико Беќаровски преку неговиот Фејсбук профил се осврна на состојбата со докторите и медицинскиот кадар во Македонија. Смета дека три години се нема променето, односно дека оди само на полошо.

Во 2020 година, тој напишал: „Медицинската сестра е ‘рбетот на здравствениот систем , а без здрав ‘рбет, здравството никогаш не ќе може да се исправи“. Сега, тој со нов коментар.

„За жал по три години состојбата е уште полоша. Платите мизерни, одливот на медицински сестри од јавното здравство никогаш поголем, дипломи се “штанцаат” на секоe ќоше“, коментира Беќаровски.

Тој е гласен критичар на состојбите во Македонија.

На почеток