Се додека не добиеме Собрание со пратеници кои имаат два грама мозок и барем еден грам дигнитет не може да стане збор за демократска држава, коментира Најческа
Професорката по право, Мирјана Најчевска ја искоментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој најави амандмани на Законот за амнестија доколку постои можност да бидат амнестирани осуденици од случајот „Монструм“ за убиствата кај Смилковско Езеро. Таа потсетува дека Владата го слуша Собранието, а не обратно.
„Еве за ова зборувам. За незнаењето, за арогантната глупост и за дезавуирањето на системот.
Ниту Ковачевски ниту новинарите ниту пратениците ниту уште поглупавата опозиција не разбираат што ни кажува човекот кој се нарекува премиер. Ни вели: пратениците ќе гласаат онака како што ќе им кажам јас. Пратениците се марионети на извршната власт. Тие се таму да слушаат што ќе им каже премиерот и да дигнат два прста кога ќе им нареди. Никој не им кажал дека Собранието е највисоко тело во државната структура. Дека извршната власт е одговорна пред Собранието и пред пратениците и дека таа ги извршуива наредбите на пратениците структуирани во соодветни одлуки.
Се додека не добиеме Собрание со пратеници кои имаат два грама мозок и барем еден грам дигнитет не може да стане збор за демократска држава. И се додека за премиер не добиеме човек со знаење, искуство и минимален интелектуален капацитет не може да стане збор за воспоставување на системот на поделба на власта и одговорна извршна власт“, пишува Најческа.