Македонија

Уставните промени се идеална можност да им се помогне на Груевски, луѓето од 27 април, притворените, смета Георгиевски

Експретседателот на Владата на Р.Македонија и претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски смета дека војната помеѓу поранешниот и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е поради суети.

„Во одреден момент се бара повод за кавга. Кај мене со Груевски поводот беше дека јас кажав дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да биде спаринг партнер за да го изберат Црвенковски за претседател, сега тоа се уставните измени. Но тоа се поводи“, рече Георгиевски за „Трлинг“.

Според него, нема политички разлики туку тие се користат за да се продлабочи казната. Зборуваше и за обраќањето кон Груевски.

„Јас тоа што го напишав е чисто персонално. Кога гледам како се лути за тоа што му прави ВМРО-ДПМНЕ и членовите, сакам да го потсетам дека тоа го правеше истото спрема мене. Јас кога му ја дадов функцијата претседател беше со најдобра намера. Јас ако сакав да останам во ВМРО-ДПМНЕ никој немаше да ме смени. Јас се жртвував, а за жал, Груевски тоа не го сфати“, додаде Георгиевски за „Трлинг“.

За уставните промени, Георгиевски вели: „Дали ВМРО-ДПМНЕ чувствува на некое ниво дека треба да му помогне на еден лидер кој 11 години им давал власт, на уште 20 луѓе кои беа притворени и затворени, и конечно на тие луѓе од 27 април кои се по затворите? Ако чувстуваат потреба да направат некој чекор, уставните промени се идеална можност“.

Тој тврди дека имало пазари. Не може да тврди, ама тоа му е впечатокот според тоа што го слушал.

„Нели сметаат дека ако од страна на СДСМ им е понуден пазар, ослободување на целата маса на луѓе, нели тоа е доволна цена да ја платат со гласање за уставните промени? Според мене, да“, додава Георгиевски.

На почеток