Македонија

(Фото) Што се случува: Три часа стојат колони возила на место на границата Србија-Македонија

Скоро три часа се чека на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, сведочат граѓани кои се револтирани, а не знаат која е причината за гужвите. Некои од нив за „Скопје1“ велат дека пешки отишле до кај службениците, но и тие молчат зошто се направени колони, а контролите течат споро.

„Владее нервоза, построени сме во четири колони, а само две кабини работат. Ова е хаос“, сведочи возач за „Скопје1“.

Патниците кои влегуваат во Македонија се загрижени дека гужвите ќе продолжат и на македонска страна.

На почеток