Македонија

(Видео) Шокантни снимки од затворот „Идризово“: Опериран човек транспортираа како куче, му се молам на Бога да не се разболам

Шокантни снимки кои покажуваат нечовечно третирање на затворениците и ужасни услови, доаѓаат од најголемиот затвор во државава „Идризово“. Сите кои се огрешиле пред законот, освен казната, треба да преживеат и во условите кои се далеку од оние пропишани со домашните и европските регулативи. И самите затвореници за „Скопје1“ сведочат дека издржуваат дупла казна. Не се гневни колку што се истоштени да пријавуваат и бараат човечки третман.

Ништо подобро, не поминуваат и затворениците кои се враќаат оперативни и кои треба да имаат посебен, соодветен третман. Дел од штитениците на затворот велат: „Македонија, најуморната земја во светот. Вака се транспортираат оперирани во затворот Идризово во Скопје, човекот го третираат како куче. Ова е вистинското лице на Северна Македонија“.

@burgu.kpu.idrizov.maced1♬ Get You The Moon – Kina

Ова не е единствената снимка од која се гледа мизеријата и подчовечките стандарди во кои живеат затворениците.

@burgu.kpu.idrizov.maced1♬ Get You The Moon – Kina

Расфрлан отпад на сите страни, муви, лебарки, неподнослива смрдеа. Вака од прилика изгледа влезот во амбулантниот дел.

@burgu.kpu.idrizov.maced1♬ Get You The Moon – Kina

Во затворот – човек над човек. Ходниците исполнети со душеци оти и таму спијат затвореници. Бидејќи нема доволно меки легла за сите, некои спијат на клупи.

„Нема зборови кои го опишуваат ова“, вели затвореник за „Скопје1“ кој сака да остане анонимен, плашејќи се од последиците доколку зборува за состојбите.

@burgu.kpu.idrizov.maced1♬ Get You The Moon – Kina

„Му се молам на Бога секој ден да не се разболувам во сабота и недела, бидејќи смртта чека на врата. Направив грешка и сакам да ја платам со затвор.Најскапоценото нешто што го имам е мојата слобода. Не, нема да платам за тоа со тортура, бидејќи не направив доволно сериозно кривично дело за да ги заслужам овие
Леб им се носи во пакети. Виршили во црева како за животни.

Дека третманот во „Идризово“ е под човечкото ниво, јавно призна и министерот за правда, Кренар Лога. Но, санирање на состојбите – нема. Тој предложи Закон за амнестија со кој дел од осудениците ќе излезат, но други ќе влезат во истите простории. Со ова, проблемот нема да се реши.

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, бараше од институциите да се размрдаат за условите во установата да бидат подобри како за вработените, така и за затворениците. Смета дека можно е да дојде до колапс на затворот ако се продолжи вака.

На почеток