Македонија

До 16 часот ќе биде шеф на кабинет кај Пендаровски, потоа бизнисмен: семејно ќе произведуваат алкохол

Семеен бизнис поврзан со Миле Бошњаковски, генерален секретар и шеф на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, ќе пушти во продажба нов алкохолен бренд кој се произведува во неговото место на потекло – Галичник, пишува Фактор.

Во текот на изминатото лето семејниот бизнис на поранешниот портпарол на Владата регистрираше две подружници – една дестилерија за алкохол во Галичник, и уште една за дистрибуција на алхолни пијалоци. За краток период семејната дестилерија на Бошњаковски го брендираше првиот производ

Сувиот џин White Ridge е првиот производ на дестилеријата „Галичник Спирит Лаб“ и замислено е да се најде на европскиот пазар како пијалок со традиционални карактеристики. Неговото рекламирање веќе е започнато на големо на социјалните мрежи, каде се најавува почетокот на продажбата.

На почеток