Вчера во својата 56та година почина еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен.
Во својата кариера освои се што можеше да се освои и стана икона и симбол на овој спорт во осумдесеттите години. Никенен има освоено четири олимписки злата и едно сребро, а пет пати се искачил на тронот на Светските првенства.
Откако стави крај на кариерата имаше проблематичен живот поради проблем со алкохолот, а во 2004 година беше осуден на 13 месечна затворска казна поради тоа што избодел пријател во бар во Финска.
Никенен поради својот девинактен живот брзо банкротираше, па мораше да ги продаде сите освоени медали и трофеи за да преживее.
