„До следната среда со нова хорор приказна. Нас ни нема спас“, коментира Костова за врзуваното момче
Од
Објавено на
За 17-годишното момче кое било врзувано во психијатриската болница Демир Хисар, свој коментар даде и инфлуенсерката Миа Костова.
„Ме исплаши моментот што ниту една вест веќе не ме изненадува и се исплашив од коментарот во глава ‘тоа е, Македонија, што очекуваш’. Уште поисплашена сум што овој пост веќе во петок ќе биде покриен со друг пост уште поморбиден, до следната среда со нова хорор приказна. Нас ни нема спас“, напиша Миа Костова.
Сведоштвото на мајката на момчето предизвика лавина коментари.