Скопје

Експлозија во ТЦ “Мавровка”- предизвикана материјална штета

Силна експлозија вчеравечер ги вознемири скопјани, кога бил испукан проектил со рачен фрлач во кафуле кое се наоѓа во ТЦ Мавровка. Од МВР го потвдруваат настанот и велат дека нема повредени лица.

„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток