По повод 147 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Советот на Град Скопје, составена од претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и советниците во Советот на Град Скопје, Јелена Жугиќ и Петар Шапе, денеска положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ – Скопје.
Со овој чин, делегацијата оддаде почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење, на еден од најистакнатите водачи и идеолози на македонската ослободителна борба.
Цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегации од Владата на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана на Република Македонија, од ГШ на АРМ, претставници на политички партии, на научни и на образовни институции, на здруженија, како и голем број граѓани од нашата земја и од странство.