Премиерката на Србија 43 годишната Ана Брнабиќ и нејзината неколку години помлада партнерка Милица Ѓургиќ наскоро ќе станат родители.
Како што објави Блиц, Милица отишла на вештачко оплодување. Веќе неколку месеци таа не се појавува во јавноста , а како што објавуваат српските медиуми според извор од Клиничкиот центар Србија, каде што работи, таа отворила породилно боледување.
Премиерката и понатаму не открива ништо за својот приватен живот. На прашањето дали навистина очекуваат бебе, таа не открила ништо, само Ви благодарам на убавите желби.