Магазин

Сосема случано окриена нова џуџеста галаксија

Астрономите открија нова, џуџеста галаксија во нашето соседство. Галаксијата, беше откриена со помош на вселенскиот телескоп Хабл.

Станува збор за мала, но прилично стара галаксија која се наоѓа 30 милиони светлосни години од нашата. Досега не била забележана бидејќи се наоѓа во сенка на ѕвезденото јато NGC 6752, предмет на првичното истражување.

Новооткриената галаксија е изолирана, научниците претпоставуваат дека е настаната пред неколку милијарди години што ја прави совршен кандидат за проучување.

Иако џуџестите сфероидни галаксии не претставуваат реткост, Бедин 1 има неколку уникатни карактеристики. Галаксијата е една од малкуте за коишто е одредена точната оддалеченост од нас. Истовремено, галаксијата е екстремно изолирана.

Откритието е направено сосема случајно.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток