-Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас – вели ТамараТодевска, годнешниот претставник за песна на Евровизија за Н1 телевизија.
Инаку Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија 2019 во Тел Авив. , Во тек се подготовките со повеќе автори за песните кои ќе бидат во конкуренција за претставничката композиција. Краен рок за предавање на нумерата со која ќе настапи Тамара Тодевска е 11-ти мај, но од МРТ најавуваат дека песната и спотот ќе бидат готови и промовирани во втората половина на февруари.
