Македонија

Синот на Грчева е бугарски политичар? Експратеничката не одговара дали тој ја прашувал „ја продадовте ли Македонија“

Андреј Зографски, син на експратеничката и лидерка на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева, е кандидат за член во Советот на Софија. Тој е член на бугарската партија „Спаси Софија“. „Скопје1“ испрати прашања до Грчева, од која побаравме детали околу кариерата на нејзиниот син – но до овој момент не добивме одговори.

Од профилите на Зографски, кои ги има на социјалните мрежи, може да се заклучи дека подолго време делува за партијата „Спаси Софија“. Тој зборува и течно на бугарски, дава телевизиски интервјуа, активен е и со политичката пропаганда. Синот на Грчева објавил дека живее во Софија, а дека е родум од Скопје. Од објавените фотографии може да се заклучи дека имал став и за македонската политика, односно дека бил контра политиките на Груевски. Од тоа што е јавно достапно, Зографски нема пишано ниту збор против навредите кои доаѓаа од Бугарија кон Македонија, ниту ја коментира актуелната политичка состојба помеѓу двете земји.

„Скопје1“ исконтактира со Грчева. Прашавме, од кога нејзиниот син запловил во бугарските политики води, дали се декларира како Бугарин и има бугарски документи. Притоа, побаравме и одговор, дали на него мислеше кога во 2017 напиша: „Син ми прашува дали е продадена Македонија, ќе дојде да протестира“. До моментот на објавување на овој текст – одговор не добивме.

Грчева за пратеник беше избрана на СДСМ, но откако тие ги бојкотираа изборите пред да ги објават бомбите, таа и уште две пратенички се одвоија и се прогласија за независни пратенички.

На почеток