Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска оствари средба со Лилијана Танги, пратеник во француското собрание и заменик-претседател на Комисијата за европски прашања.
Како што информираат од прес-службата, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, со посебен осврт на претстојниот референдум на 30 месецов.
Груби информирал дека кампањата за успешен референдум е во тек и дека состојбата на теренот досега е задоволителна, односно постои позитивно расположение кај гласачите во земјата да се изјаснат за поддршка на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.
Во тој контекст, претседателот истакнал дека референдумот ќе успее и дека владејачкото мнозинство засилено работи на постигнување на потребниот цензус на излезност на гласачите.
Пратеничката Танги ја потврдила континуираната поддршка на Франција за евро-атланското зачленување на Македонија, при што ја истакнала француската поддршка за успешен референдум, потенцирајќи го значењето на референдумот за иднината на земјата