Шумските полицајци протестираат. Тие излегоја најпрво пред Владата, а потоа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи средба со министерот Љупчо Николовски. Но, ниту Николовски ниту раководителката на Секторот за шумска полиција, Аница Симонова, како и ниту раководителот на Секторот за човечки ресурси и посебниот советник на министерот, Трајче Ангеловски, досега не ги немиле за да разговараат со претставниците на шумските полицајци околу нивните барања.
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Тодев вели дека на почетокот на 2018 година Владата донела одлука за потпишување на колективен договор со што би се решиле проблемите со кои се соочувала шумската полиција, но Договорот се уште не е потпишан.
Шумските полицајци протестираат поради противењето на МЗШВ да им ги потпише ветуваните колективни договори, премалата плата од 16 800 денари со вклучена хранарина и патарина, скратените ноќни смени, скратените прекувремените саатнини и работата во турнуси.
Од Шумската полиција велат дека колективниот договор е поднесен уште во 2018 година за потпишување во МЗШВ, но досега не е потпишан поради одлагање од министерството.
Шумските полицајци уште бараат бенефициран стаж, покачување на платата за 30%, права еднакви на оние кои ги имаат сите овластени службени лица, како и нов Закон за шумска полиција, како што имаат АРМ и МВР.
Синдикалците на шумската полиција велат дека доколку не бидат исполнети нивните барања ќе ги радикализираат протестите и ќе излезат на генерален штрајк.