Скопје

Сашо Тасевски на ФБ открива 10 причини зошто да гласате за Амди Бајрам?

Десет причини да гласате за Амди Бајрам, напиша на својот фејсбук профил актерот Сашо Тасевски. Тасевски напиша:

1. Функционално е неписмен, ама знае брзо да прочита кој е кој и да застане зад посилниот.

2. Не се керефека со продавање лажен морал.

3. Кога му дојде време за робија, си одлежа, наместо да бега ко путка.

4. Никој не кренал среден прст на разгневена опозиција ко Амди.

5. Истата опозицијата штом стане власт, одма го вика Амди во коалиција, разгалена од неговиот среден прст.

6. Него власта не го смени карактерно, зашто не ни бил во опозиција.

7. На некој волшебен начин, со “ха ха ха-хи хи хи” сите ги придобива на своја страна.

8. За Амди нема лоша власт.

9. На сите им дава голови со пета.

10. Шармантен е, го сака камера. А и многу жени паѓаат на него, иако кријат, сепак се знае дека го тераат да оди кај нотар за потврда дека нема да зуцне, напиша на ФБ Тасевски.

Десет причини да гласате за Амди Бајрам:1. Функционално е неписмен, ама знае брзо да прочита кој е кој и да застане зад…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, February 4, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток