Скопје

(ФОТО) Пукна цевка, ја поплви Илинденска во Карпош 4

Булеварот Илинден во делот кај трговскиот центар „Сити мол“ во Капрош 4 е поплавен. Од Град Скопје велат дека пукнала голема цевка и затоа одеднаш голем млаз вода го поплавил булеварот.

Излевањето на водата направи хаос во сообраќајот, по што екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, по што на асфалтот остана кал и тиња.

На самото место се присутни неколку екипи од ЈП „Водовод и канализација“ како и полициски возила кои го стопираа сообраќајот.

На почеток